Филипче: Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас – нашата совест и нашата одговорност

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче упатува апел на доследно почитување на мерките за заштита од коронавирус од страна на целото население.  

„Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас – нашата совест и нашата одговорност. Најефикасниот штит се трите правила кои мора доследно да ги почитуваме – држење растојание, носење заштитна опрема и одржување хигиена. Секој од нас треба да ја сфати сериозноста на вирусот, да се заштити себе си, а со тоа и своите најблиски, јавното здравје, здравствените работници и здравствениот систем. Нема компромис со овој вирус. Затоа да почитуваме. Јас верувам во нашите граѓани, во секој од вас. Заедно да се бориме – да се чуваме себе и нашите блиски, да го заштитиме јавното здравје.“ – истакна Филипче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГРАД СКОПЈЕ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ НА СЛЕПИ

Заради поефикасно остварување на социјална грижа за слепите лица, нивна поголема мобилност, вклучување во општествените …