(Рецепт) Брише брчки, обновува оштетена коса и јакне нокти: Ова масло е најдоброто што една жена може да си дозволи!

Ова масло е заслужно за блескав изглед на секоја жена…

Освен за подготвување вкусни оброци, маслиновото масло може да се користи и во ритуалите за убавина. Се покажал како одличен сојузник на женската убавина и добро негуваниот изглед.
Маслиновото масло е богато со витамини, минерали и природни масни киселини, а исто така содржи витамини А и Е. Сето ова го прави погоден за нега на убавина.
Еве како можете да го користите:



1. Отстранување на брчки
Маслиновото масло и помага на кожата да одржи младешки изглед и сјај, ја хидрира кожата, ја одржува еластичноста и мекоста. Исто така, маслиновото масло им помага на клетките на кожата да се регенерираат. Антиоксидансите во маслиновото масло помагаат во забавување на процесот на стареење, додека витамин Е ја штити кожата од УВ зраци, а олеинската киселина ја регенерира кожата и има антиинфламаторно дејство.
Други придобивки вклучуваат хидрирање на кожата и да ја прави мека и мазна. Покрај тоа, примената на маслиново масло на лицето нема да ги затвори порите. Се користи и е погоден за нега на чувствителна и сува кожа на лицето.


 

Можете исто така да направите маска за лице дома. За да се подготви ќе ви требаат:
1 лажичка девствено (ладно цедено) маслиново масло
1 лажичка јогурт
1 краставица
Подготовка:
Добро испасирајте ја краставицата, а потоа додадете го јогуртот и маслото. Оставете ја маската на лицето 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Исчистете го лицето со крпа и восхитувајте се на сјајот на вашата кожа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк – Школка

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на гастрономскиот …