(ФОТО) Најмирни земји во светот:„Шампионот“ е ист веќе 12. години, а каде е Македонија?

Глобалниот индекс за мир е истражување кое го спроведува Институтот за економија и мир, со седиште во Сиднеј. Најновиот список покажува дека Исланд е сè уште најмирна земја во светот, а тоа е позицијата што ја зазема од 2008. година.
По нив следуваат Нов Зеланд, Австрија, Португалија и Данска.

Од друга страна, Авганистан се уште е на дното на табелата како најпроблематична земја, по што следат Сирија, Ирак и Јужен Судан.


Во истражувањето не е земено предвид дали една земја е во мир или води војна, туку и анализиран голем број индикатори поврзани со три главни тематски области – безбедност,за тековните внатрешни или меѓународни конфликти и степенот на милитаризација.

Македонија е на 62. место и спаѓа во земји со средно ниво на мир, додека Србија на 51-то место и заедно со Хрватска (која е 26) спаѓа во групата на земји со висок степен на мир. Меѓу земјите со средно ниво на мир се Црна Гора на 69-то место и Босна и Херцеговина на 79-то место.


Од земјите на поранешна Југославија, на глобалната мировна маса, на која се рангираат 163 земји, само Словенија е меѓу земјите со многу висок степен на мир, на 11-то место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …