ПОСЛЕ БРОЈНИ КРИТИКИ – Швајцарски трговски ланец решил да ги продава слатките „Moor’s Head“ поради обвинувања дека се расистички

Најголемиот ланец на супермаркети во Швајцарија „Мигрос“ го отстрани чоколадниот марчмелоу Mohrenkopf (Moor’s Head) zbog (главата на Мур) од своите продавници, поради бројните критики и обвинувања за ширење расизам.
Во изминатите два дена, многу продавници на „Мигрос“ забележаа голем прилив на овие слатки, откако се појави најавата дека повеќе нема да го продаваат популарниот производ на швајцарската компанија „Даблер“.
Ваквиот потег на „Мигрос“ следел по долгата интернет дебата за чоколадните слатки,а што се појави по сегашниот глобален бран на антирасизам по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.


Сомнежите за расистичката позадина на швајцарскиот чоколаден манчмелоу ги покрена анонимен корисник на Твитер, кој предизвика неколку дискусии за потеклото на името на овие слатки и корпоративната одговорност на компанија што ги навредува своите клиенти со продажба на Mohrenkopf (Moor’s Head). Moor’s Head се однесува на хералдична приказ на главата, обично на лице со темна кожа, прикажано од профил со лента околу челото.
“Драги Мигрос, ве молиме отстранете го овој производ од вашата понуда веднаш. Ова име е исклучително расистичко и не соодветствува со политичката коректност”, напишал корисникот со име @MereSirrTeh на Твитер.

По големиот одзив од другите корисници, овој твит е избришан, како и анонимниот профил.

Новинарот Кристијан Бек се спротивставил на критиките за швајцарските слатки, велејќи дека тој никогаш не помислил на човек со темна кожа како во „Mohrenkopf“.
Други ја карактеризираат целата дебата како „апсолутна глупост“, велејќи дека не може сè одеднаш да биде расистичко. Некои дури и истакнале дека, без оглед на моралните импликации на името на бонбоните, целара бура на Твитер е бесплатна реклама за производителот на чоколади, односно за компанијата Даблер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …