(ФОТО) Печени пиперки полнети со сирење: Вистински оброк за претстојните летни денови!

Оваа божествена летна комбинација на вкусови ќе ве освои „на прв залак“…
Состојки:
6 – 7 печени пиперки
500 г урда, без вода
2 – 3 лажички пармезан
зачински треки по желба – босилок, копар, рузмарин
2 чене алук
сол, по вкус
2 – 3 лажички маслиново масло


Подготовка: убаво исцедете ја урдата и додајте зачински тревки, по вкус, фино сечкан или пасиран лук и насолете. Пиперките исечете на половина и наполнете со смесата со сирење па наредете ги во огноотпорна тава намачкана со малку масло, а накапете и по врвот на секоја полнета пиперка..
Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 20. минути.
Пиперките послужете ги кога се топли но вкусни се и ладни.
Поедноставен рецепт


Втора варијанта: долги зелени пиперки исчистете од дршката и одвнатре. Урдата зачинете ја со сол и црн пипер, додајте едно јајце (на околу 500 г урда) и наполнете ги пиперките. Тава за печење покријте со хартија за печење, наредете ги пиперките, накапете со масло и испечете да добијат убава црвено – кафеава боја.


За кој и рецепт да се одлучите нема да згрешите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЖОЛТЕНАТА ПЛАСТИКА ЌЕ ИЗГЛЕДА КАКО НОВА: Ќе ги избелите дури и старите приклучоци, прекинувачи, рамки на прозорците…

Пластичните работи како прекинувачи, приклучоци, далечински управувачи и слично често добиваат жолтеникава боја која не …