(ФОТО) Кога природата ќе си поигра настануваат овие волшебни призори: Ве водиме во најубавата кристална пештера на светот!

Овие сцени ви го одземаат здивот …
Паркот Скафтафел е втор по големина парк на Исланд и претставува нереална оаза помеѓу песок и глечери. Во паркот нема патишта, а главна атракција во паркот е Сватифлос или црниот водопад, чие име потекнува од црните базалтни столбови што стојат зад него, пишува Nationalgeographic.


Националниот парк Сватифлос е најпосетуваното место на Исланд, што не изненадува кога ќе ја земете предвид ненадминливата убавина на спектакуларните кањони и долини, ледени езера и пештери, како и зачудувачкиот контраст помеѓу прекрасните снежни врвови и бујното зеленило.
Сватифлос беше прогласен за национален парк во 1967. година, а едно од необичните и бајковити места во овој парк е секако Кристалната пештера.

Ледените пештери инаку се привремени структури кои се наоѓаат на работ на глечерот, а кои изгледаат прекрасно од внатре. Сепак, тие се многу нестабилни и можат да се урнат во секој момент.
Кристалната пештера во Исланд е создадена пред многу векови кога глечерен мраз се спуштил преку врнежите на вулканскиот масив Орафејокул над глечерот Свинафелсјокул и под голем притисок и силата на мразот го истиснувал воздухот од него, создавајќи брилијантни кристални целини, скоро без меурчиња.

Недостаток на воздух значи дека ја апсорбира скоро целата видлива светлина, освен сината фракција, која е видлива и со голо око. Сепак, овој син мраз може да се види само под одредени околности. Имено, тоа може да се види во зимскиот период по долги периоди на дожд кога ќе се измие површинскиот слој на глечерот, така што тој период од годината е најдобар за уживање во убавината на оваа пештера.

Поради брзото движење на мразот (околу 1 метар на ден) над нерамниот терен, оваа ледена пештера ги добила и своите две пукнатини на краевите што овозможуваат индиректната светлина да допре до нејзините тунели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотки на девојка станале хит на интернет бидејќи ги има НАЈДОЛГИТЕ НОЗЕ на светот!

Девојка од Монголија е висока 205 сантиметри и ги има вторите најдолги нозе на светот. …