(ВИДЕО) Гледачите шокирани со експлицитните сцени во новиот филм на Нетфликс

СЦЕНИ од филмот „365 денови“ кој е достапен на Netflix од оваа недела, шокираше многу гледачи.
Полскиот филм, кој веднаш се појави на трендинг листите и покрај лошите прегледи, е полн со жешки секси сцени кои се толку експлицитни што многу гледачи мислеа дека глумците навистина имаат секс.


Многумина веднаш го споредија филмот со „50 Нијанси на сиво“, исто така засновано на еротски роман. Филмот ја следи приказната за „доминантниот мафијашки шеф“, Масимо Торичели (Микеле Мороне), кој ја заробува Лора Бил (Ана Марија Сијеклуцка) и и’ дава година дена да се заљуби во него.
И’ додека многумина веднаш посочиле дека сцените се поексплицитни отколку во „50 нијанси на сиво“, некои го критикуваа филмот и затоа што „односот со ликовите се заснова на злоупотреба“. Некои исто така напишале дека секс сцените на киднаперот и неговата жртва биле „романтизација на Стокхолмскиот синдром“.

Но, обожавателите на „50 Shades of Grey“ исто така го сакаат овој филм. „Ако некој е обожавател на ’50 нијанси сива’, тој треба да го гледа овој филм … Се препотувам“, е една од реакциите на Твитер, а има и такви кои го нарекуваат филмот порнографски.

„365 дена“ (365 DNI)) е адаптација на истоимената еротската книга на Бланка Липински.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …