НОВ ИМИЏ ЗА ТАЈНИОТ АГЕНТ: Во новиот филм Џемс Бонд станува татко

Тајниот агент Џемс Бонд ќе стане татко во претстојниот филм „Нема време за умирање“.
“Да вистина е. Бонд е татко. Тоа е единственото нешто што обожавателите на франшизата никогаш не би го очекувале“, изјавил инсајдер за странските медиуми.
Даниел Крег последен пат се појавува во улогата на славниот шпион, и дознава дека тој е татко на петгодишната Матилда, која ја добива со Медлани Шон, а ја игра Лија Сејдо.


„Бонд секогаш ги освои срцата на многу убавици со својот шарм, навидум без последици. Да се ​​стане татко отвора сосема нов свет на драма и развива нова приказна. Кога Бонд открил дека има дете, тоа е составен дел од сценариото. Шокантно е и полн со пресврти“, вели инсајдерот. Агентот, наводно, е среќен поради улогата на татко.
Во пресвртот на љубовниот живот на агентот 007, свои прсти вмешал и Крег. Тој вели дека сакал овој филм да биде полн со изненадувања и забавен. Исто така, во „Нема време да умреме“, Бонд ќе се бори против пандемија.
„Не е баш Ковид-19, но е слично“, вели изворот.
Премиерата на филмот е закажана за 12. ноември во Велика Британија, а на 25-ти во САД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …