Коно и Кајли се два златни ретривери кои се многу познати на Инстаграм. Нив ги следат 158. илјади луѓе, а неодамна пристигна нов додаток во нивното семејство, поради што нивната популарност дополнително се зголеми. Имено, овие две кучиња го прифатија бебето како да е нивно.
Девојчето ги освоило и тие не се одвојуваат од неа ниту за момент. Додека бебето спие со цуцла во устата, Коно и Кајли лежат со главите на неа и мирно ја набљудуваат додека не се разбуди.
Заштитнички настроени нема да дозволат некој да допре до новиот член на нивното семејство.
Златните ретривери се познати како разиграни, лојални и нежни кучиња, па затоа често се наоѓаат на списоците на најпопуларните раси. Тие се идеални за семејство затоа што обожуваат деца.