Конзумирањето на овие намирници го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и карцином

Неодамнешните истражувања покажало дека конзумирањето на ореви може да има корисен ефект врз многу болести, што укажува на силна врска помеѓу внесот на ореви и здравјето.
Истражувачите проучувале 29. претходно објавени студии во кои биле вклучени вкупно 819.000 учесници. Меѓу нив имало повеќе од 12.000 случаи на срцеви заболувања, 9.000 случаи на мозочен удар, 18.000 случаи на кардиоваскуларни заболувања и карцином.
Кај истражуваните учесници, забележано е дека конзумирањето на ореви го намалува ризикот од заболување. Сепак, некои резултати се разликуваат според видот на популацијата (според полот или факторите на ризик).


Оревите се богати со растителни влакна, магнезиум и поли незаситени масни киселини. Овие се хранливи материи кои го намалуваат нивото на холестерол, но исто така и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
На пример, оревите и пеканите (вид на ореви) се богати со антиоксиданти кои се борат со оксидативниот стрес, со што се намалува ризикот од карцином. Најмалку 20. грама ореви на ден можат да го намалат ризикот од респираторни заболувања за 50. проценти,а на дијабетес за 40. проценти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …