(ФОТО) ЏОРДАН ГО ШОКИРАЛ СВЕТОТ: Открил колку пари ќе даде за подобар живот на Афроамериканците во САД!

Мајкл Џордан, според многумина, е најдбориот кошаркар на сите времиња, но она што сега го направил вон теренот подеднакво ја воодушевило планетата…
Гледајќи што се се случува во неговата татковина, Соединетите Американски држави, последните денови, откако полицијата го уби, после приведувањето Џорџ Флојд за наводно користење на фалсификувана банкнота од 20. долари, а кој почина бидејќи полицаец скоро 9. минути му го притискаше вратот со коленото додека овој барал помош бидејќи не можел да дише, Џордан решил да не седи со скрстени раце.
Тој на Твитер објавил дека за борбата за расна рамноправност ќе донирани нестварни 100. милиони долари.
„Животите на црните луѓе се битни. И во тој став нема никаква контроверза“, се наведува во соопштението на славниот ас, во кое се додава и следното:
„Додека расизмот кој е вткаен во нашите национални институции и ги уништува, не биде потполно искоренет – ќе останеме посветени на подобрување на животот на црното население“, напишал Мајкл Џордан.

„Кога видов што се случи, доживеав вистинска болка, но и јасен гнев. Јас стојам рамо до рамо со сите оние кои се борат да го елиминираат длабоко вкоренетиот расизам и насилството врз луѓето со други бои на кожата кај нас“, рекол Џордан по повод убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Овие зборови одекнаа во Америка, а 100 милиони долари што ќе бидат инвестирани во борбата за расната еднаквост ќе бидат нивна потврда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …