Филипче: „Искрено се надевам дека праксата на неофицијални, непроверени и неточни информации за бројот на новозаболени ќе престане, МЗ продолжува со навремено и точно информирање!“

Додека цела јавност се интересира за бројката на новозаболените во нашата земја министерот за здравство на Фејсбук со „лекција“ за медиумите кои сакаат да ги информираат граѓаните…

„Почитувани медиуми и новинари,
Деновиве голем број на медиуми уште рано наутро објавуваат неофицијални и речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени.
Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со јавноста сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација.
Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување.
Непримерно е во ситуација кога имаме секојдневно заболени и секојдневно известуваме и за секоја најмала промена, да се шпекулира со податоци токму од страна на оние кои треба да обезбедат прецизна информација за јавноста.
Со тоа се внесува конфузија кај населението и недоверба во институциите, а искрено верувам дека ова не е целта. Објавувањето број на новозаразени со Ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, затоа што станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните.
Објавувањето на вакви непроверени информации е уште повеќе несфатливо затоа што Министерството за здравство редовно ги објавува сите информации, а доколку има промени и по неколку пати во денот. Сите прашања на новинарите се одговараат постојано и на дневно ниво.
Искрено се надевам дека оваа пракса ќе престане, а ние ќе продолжиме со навременото и точно информирање“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се чествува Преподобната маченичка Параскева: Вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките!

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно …