СРЕДЕ НАСИЛСТВО ГЕСТ ЗА АПЛАУЗ – Додека низ Америка владеат немири еве што направил Канје Вест!

Ништо повеќе не може да се стори за покојниот Флојд, но нешто може да се направи за неговата мала ќерка
Во Соединетите држави владеат немири и демонстрации повеќе од седум дена, но има и такви кои испраќаат позитивни пораки со својот ангажман во желбата за промени. Раперот Канје Вест е еден од нив.
Странските медиуми пишуваат дека Вест основал факултетски фонд за 6-годишната ќерка на Џорџ Флојд, „Канје основа фонд за штедење во 529. школи во Америка за покривање на школарината за Џијана Флојд“, потврдил неговиот портпартол.
Познатиот рапер и сопруг на подеднакво влијателната Ким Кардашијан, исто така донирал два милиони долари на семејствата и правните тимови кои ги поддржуваат Флојд, Ахмауд Арбери и Бреона Тејлор, кои исто така билебрутално убиени.


Потсетиме, 25-годишниот Арбери бил застрелан и убиен додека тројца мажи трчале по него,а кои тврделе дека мислат дека е осомничен за провална кражба. Тејлор, од друга страна, била убиена од полицијата во нејзиниот дом, откако полициските службеници, наводно, провалиле без предупредување за да извршат претрес.
Потегот на Канје да помогне е позитивна слика во морето на вандализам и брутални насилни последици предизвикани од убиството на Флојд низ Америка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …