(ВИДЕО) Врвен ручек: Ризото со мелено месо

Вкусно и заситно јадење
Потребно е:
250 гр мелено месо
1 главичка кромид
2 моркови
1 чаша ориз (100 ml чаша)
1/2 тиквичка
2 јајца
200 гр кисела павлака
бибер, сув зачин
малку лук во гранули
масло
Плус: рендан кашкавал
Подготовка: Пропржете го исецканиот кромид на масло, додадете го морковот (ситно сечкан) и исечената тиквичка, зачини и мелено месо и се малку испржете.
Додадете измиен ориз, налијте вода за да се впие и варете на тивок оган да изврие водата.Кога оризот и месото ќе бидат сварени тргнете го садот од ринглата.
Во сад, искршете ги јајцата, додадете ја павлаката и измешајте. Додадете го варениот ориз и измешајте.
Се’ префрлете на подмачкана тава или тепсија, израмнете и изрендајте малку кашкавал.
Печете во рерна 40. минути на 210. степени додека убаво не зацрвене. Служете топло.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот. …