Веро викендов врши достава на производи до дома во Скопје и Тетово

Веро викендов врши достава на производи до домовите на потрошувачите во Скопје и Тетово додека трае целосната забрана за движење на граѓаните која завршува во понеделник наутро. Нарачките на производите се прават телефонски, при што работното време за нарачки и испорака е од 9 до 19 часот (во петок, сабота и недела).


На овој начин, потрошувачите од Скопје и од Тетово може да се снабдат со најразлични производи како што се храна, пијалоци, средства за хигиена и за дезинфекција, козметика, но и со многу други производи од различни категории како што се апарати за домаќинството, скари, производи за домот и сл. Веро ја воведе услугата за нарачки на производи по телефон и нивна испорака до дома уште пред два месеца за да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да им овозможи да се снабдат со потребните производи во периодот кога има забрана за движење како заштитна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Телефонските броеви за нарачка во Скопје се 075/499–643 и 075/488-129, а во Тетово нарачките се прават на телефонските броеви 075/499-783 и 075/499-682. Производите се плаќаат при испораката, во готово или со платежни картички.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се чествува Преподобната маченичка Параскева: Вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките!

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно …