ПОЧИТ КОН КРАЛЕ МАРКО – МУРАЛ ВО ВЕЛЕС

Во склоп на годинешната програма на Министерството за култура на Р.С. Македонија-дел за визуелни уметности, Стрип центарот на Македонија- Велес го имплементира проектот:

„МУРАЛОТ  КАКО  КУЛТУРНА И ТУРИСТИЧКА ЗНАМЕНИТОСТ ВО ВЕЛЕС  2020 г

Изјава Томе Трајков-координатор на проектот:

„…Ова е вторпат Министерството за култура да поддржи ваков проект од наша страна, но СЦМ досега   веќе има изработено 5 мурали на фасади  во  градот .Овие стрип мурали, први од ваков вид во Македонија, се протегаат на различни локации и се вистинска атракција  како за жителите на Велес, но ја збогува и неговата туристичка понуда.Праксата  на цртање на мурали е многу честа во светот, посебно е интересен  градот Ангулем/Франција откаде ги добивме првичните идеи и искуства .

Врз основ на истите искуства и оваа година ќе се изработи стрип мурал на  површина од 33м/2. Овојпат  мотив за цртање на мурал е КРАЛЕ МАРКО  и се работи на веќе познатата  локација во близина на Градскиот саат ,мегу два веке изработени мурали .Се работи  со акрилни фасадни бои  и специјални четки од страна на веќе воиграниот тим: Ване Трајков(како главен цртач) и Анита Гочева и Горан Мазнев(асистенти) .

Праксата на изработка на мурали низ Велес ќе продолжи и  натаму, во склад со финансиската поддршка од државата и др.донатори. Оваа уметност е веќе прифатена помегу граѓаните на Велес , нивните коментари при поминување низ оваа прометна улица го докажуваат тоа.Се надеваме дека интерес за овој тип на творештво ќе се пројави и низ други градови од државата…“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излезе нов број од списанието „МАКЕДОНИКА“

Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност …