Тајсон Фјури:„Јас сум белец и расно сум злоставуван!“

Шампионот во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, изјави дека бил расно малтретиран за време на неговата кариера.
Тој стигна до шампионскиот појас по одличниот меч во кој го совлада Дионте Валдер со технички нокаут.
Фјури претходно имал ментални проблеми, а како што рече во ова интервју за „Добро утро Британија“, бил расно малтретиран во текот на неговата кариера.


“Јас сум белец и бев расно малтретиран во 2020. година затоа што потекнувам од мултиетничко семејство. Дури и денес кога ќе влезам во паб, бар или ресторан слушам дека персоналот има право да не им служи на циганите. Не се само црните луѓе кои се расно малтретирани, мислам дека луѓето од ‘мешани семејства’ се со поголема веројатност да бидат злоставувани и’ во Велика Британија и’ во целиот свет. Тоа е дури и прифатливо и никој нема ништо да стои по тој повод“, рекол Тајсон Фјури.


Фјури е познат и по прекарот „Крал на циганите“.
Полициската бруталност е постојан проблем и убиството на Џорџ Флојд е само продолжување на овие проблеми во низата убиства во Соединетите држави.
„Кога во животот треба да се соочите со таков проблем бидејќи некаде не можете да влезете затоа што тие не ве препознаваат како личност или што и да е. Замислете го тоа, јас сум светски шампион а тие нема да ме послужат поради тоа кој сум јас“, вели Фјури.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Натчовечки напор: Контадор се „искачил’ на МонтЕверест

Алберто Контадор, прославениот шпански велосипедист, постави нов рекорд на „Еверестинг“, рекорд со време од седум …