Алсат – М со информација: Денеска рекорден број од 120. новозаболени во последниве 24 часа

Се чини дека карантинот и специјалните мерки ќе ни започнат со рекорден број на заболени во изминатите 24. часа…
Во последново деноноќие, според извори на Алсат – М, регистрирани се 120. новозаболени од Ковид-19.
Ако бројката биде и’ официјално потврдена ова ќе биде најголем пик од почетокот на епидемијата во нашата земја.
Досега највисокиот пик изнесуваше 107 заболени лица, регистрирани за 24 часа.
Според нивните информации, изминатово деноноќие починале двајца пациенти позитивни на Ковид-19.
Инаку, во текот на изминатото деноноќие на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.
Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци.

Извор: Алсат

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто МЗ со денови не ги соопштува точните бројки за заболени од корона вирус по скопските оштини?

Од денешните 199. евидентирани случаи дури 90. се во Скопје, а од вчерашните 205. во …