(ФОТО) ЖИВОТ КАКО ОД ФИЛМ – ДУРИ НА 23 ГОДИНИ ЈА ДОЗНАЛА ВИСТИНАТА ЗА НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ и не слушнала ништо полошо: „Цел живот знаев дека мајка ми и очувот прават нешто чудно, но не знаев што!“

Се’ додека не наполнила 23. години, животот на Полина Дакин воопшто немал никакво значење. Од детството знаела дека не е во ред начинот на кој е воспитувана, знаела дека нејзините родители постојано кријат нешто од неа, знаела дека не е нормално да живеете како „чергар“. Но, таа не знаела зошто живееле така.
Таа неодамна ја објави својата неверојатна животна приказна во форма на мемоари „Бегај. Скриј се.Повтори“ и таа книга дава неверојатен увид во животот под целосна параноја.
Денес, Полина е новинарка, но и предавач на универзитетот Халифакс, но дури и како новинарка, вели таа, никогаш не наишла на животна приказна толку бизарна како нејзината.
Се’ започнало кога Полина имала пет години. Нејзините родители, Ворен и Рут, се развеле. Ворен, наводно, бил насилен алкохоличар, поради што Рут добила целосно старателство над децата. Таа ги однела Паулин и нејзиниот брат Тед во Винипег, а потоа во Сент Џон. Нивната мајка никогаш не им објаснила зошто се движат, ниту пак ги најавувала преселбите.
„Никогаш немавме шанса да се збогуваме. Целото детство и младост беа со насилно расипани пријателства. Ако ја прашавме зошто, таа ќе ни речеше: ‘Жал ми е, не можам да ти кажам сега. Кога малку ќе пораснеш, ќе ти објаснам сè”.
И, така, откако тие би се примириле во нов град, би следела нова преселба.
До 11-годишна возраст, Полина сменила шест училишта за само четири години. Таа немала никаков контакт со нејзиниот татко.
„Знаев дека нешто лошо се случува. Не знаев што точно, но секогаш имав претчувство дека се работи за многу темна приказна. Јас и мојот брат постојано претпоставувавме што би можело да биде точно зад сите овие преселби. Болно е само да заминете без поздрав од луѓе кои ви значат нешто и никогаш повеќе да не чуете збор за нив“, вели Полина.


Сето ова ги натерало децата во длабока депресија. Полина никогаш немала чувство на припадност. Таа е навикната на тоа дека она што постои денес може да исчезне без трага утре. Единствената константа во нивните животи бил свештеникот Стен Сирс, кој секогаш се селел по нив. Се покажало дека Рут всушност била во врска со него и таа го запознала додека работела како советник во група за поддршка на семејствата на алкохоличари. На некој начин, Стен станал очув на децата и на крајот официјално се преселил кај нив. Но, иако бил нежен и се грижел кон нив, тој не можел да го избрка гневот заради начинот на кој живееле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот. …