Министерство за здравство со препорака: Вклучете се во меѓународното истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“

Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје. Клиниката за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје.

Од установата, не информираат дека тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за Северна Македонија е токму Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје.

Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата COVID-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции.

Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони.

Линк до истражувањето „КОВИД-19 и ментално здравје“:  https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd4AnzbOPFUz5oCh5c4ofXcFFKr_5wm8MMa77_x69fqH1bINA/viewform.

Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот и да се грижиме за нашето ментално здравје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Солени галети на баба

Потребно е: 300 г брашно (интегрално) 100 г путер 1 јајце 2 лажици сончоглед 2 …