Дали ќе се врати карантинот: Се предлага продолжен викенд за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре 21. до понеделник до 05. часот!

По денешната седница, предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот викенд за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 до понеделник до 05 часот.
Според неофицијални информации, за другите градови ќе има полициски час од 16. до 05. часот.
Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.
Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден најави дека го имаат предвид празникот и одлука за тоа дали ќе се воведат поригорозни мерки во зависност од тоа како луѓето ќе се однесуваат.


„Сите опции се во игра “, рече тогаш Филипче за Задушница.
Со оглед на тоа што бројките на заразени достигнаа оклу 100 на дневно ниво и на починати од 2 до 7 секој ден, Комисијата за заразни болести на вонредниот состанок денес донесе таква одлука, за која последен збор ќе имаат на владината седница.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …