(ВИДЕО) „НИЕ СМЕ ЕДНО“: Златан Ибрахимовиќ со објава на Фејсбук испратил можќна порака во борбата со расизмот

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, испратил силна порака за поддршка против расизмот, што последните неколку дена е една од најактуелните теми во светот, покрај пандемијата на коронавирус.
Целата кампања за расната еднаквост беше активирана минатата недела откако американските полицајци го претепаа до смрт Афроамериканецот Џорџ Флојд, предизвикувајќи револт во Соединетите држави. Покрај масовните протести, бројни јавни и пред се спортски личности гласно го кренаа својот глас против овој вид дискриминација.

Меѓу многуте спортисти кои на кој било начин испратија порака за поддршка за уште поактивна борба против расизмот е фудбалерот од Милано и поранешниот играч на шведската репрезентација – Златан Ибрахимовиќ, кој споделил видео на Фејсбук на кое се гледа како две момчиња од различни раси си играат; без проблеми, пречки и што е најважно, со насмевка на лицето.
„Ние сме едно“, порачува напаѓачот на Милан во описот на објавата на Фејсбук.
За само неколку часа, ова видео на Златан Ибрахимовиќ собра скоро милион и пол прегледи, а на објавата реагираа близу 200 000 луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МОЌНО И ПРИРОДНО – Ова се убедливо најјаките природни антибиотици: Научно потврдено го јакнат имунолошкиот систем и штитат од сите видови инфекција!

Премногу често посегнуваме по фармацевтски антибиотици, кои можат да бидат многу опасни и имаат потполно …