(ВИДЕО) Бизарна масажа со сатари се’ попопуларна на Тајван: Дали би ја пробале?

Во Тајван, се попопуларен е третманот „дао лиао“, бизарна масажа со сатари која ја враќа енергијата со стимулирање на циркулацијата и враќање на балансот на организмот.
Иако е опасно, за „дао лиао“, што во превод значи „масажа со нож“ или „терапија со ножеви“, се верува дека има физички и емоционални способности за лекување и е форма на кинеска медицина стара повеќе од 2.000 години.
Експертите велат дека овој третман прв пат го извршиле монасите во античка Кина. Се шири во Јапонија во династијата Танг пред повеќе од илјада години и во Тајван по кинеската граѓанска војна во 1940-тите години, пишува Би-Би-Си.

Иако денес е тешко да се најде масажа со ножеви во Кина и Јапонија, последниве години во Тајван доживеа воскреснување бидејќи луѓето на овој начин се обидуваат полесно да се справат со стресовите во современиот живот.
Масажа со ножеви, позната и како „dai liao“, значи дека масерите, наместо раце, користат ножеви преку кои тие го насочуваат протокот на позитивна и негативна енергија од кожата на лицето кого го масираат.
Цената на третманот е околу 40. американски долари, а клиент може да бидат секој, од бебиња до стогодишници.
Центарот за едукација Тајпеј обучува практичари скоро четири децении. Имаат 36. филијали во Тајван, од кои 15 се отворени во последните пет години. Тие исто така предаваат на луѓе од целиот свет, од Јапонија до Хонг Конг, Франција до Канада.
Денес, луѓето сè повеќе бараат ваков третман со ножеви за да ги ублажат нивните физички заболувања, да го подобрат квалитетот на спиењето и да им се спротивстават на страдањата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 15.07.2020: Избегнување на отворен дијалог со блиска личност е знак на емоционална слабост…

Овен Љубов: Во средбата со некој близок, нема потреба да реагирате импулсивно, да го контролирате …