(ФОТО) После обвинувањата дека е „педофил“ кралицата „се откажува“ од својот син: Принцот Ендрју не се враќа на кралските должности!?

„Принцот се надевал дека оваа промена ќе биде краткотрајна, но не се остварило. Кралското семејство нема намера да се справува со неговата позиција“, рекло лице блиско до кралскиот двор, пишуваат британските медиуми
Синот на британската кралица Елизабета Втора (94), принцот Ендрју(60) се повлекол од кралските должности минатиот ноември поради скандалот со неговиот покоен пријател Џефри Епштајн, кој беше обвинет како сексуален предатор. Медиумите почнаа да го поврзуваат принцот со целиот скандал, поради што Војводата од Јорк побара од кралицата да се повлече од обврските што ги извршува во име на кралското семејство, а кралицата, разумна како и секогаш, ја исполни неговата желба.


Сепак, сега се чини дека принцот нема да се врати на извршување на своите кралски должности, пишува The Sunday Times.
„Принцот се надеваше дека оваа промена ќе биде краткотрајна, но не се оствари. Кралското семејство нема намера да се справува со неговата позиција“, рекло лице блиско до кралскиот двор.


Синот на кралицата веќе почувствувал како е да се негира нешто на што сте навикнати. На пример, британската влада ја смени практиката за подигнување знамиња за кралски родендени, така што тие веќе нема да се виорат за роденденот на со скандал погодениот принц Ендрју, што тие веднаш го применија. Затоа,на 19. февруари, воедно и на 60-тиот роденден на принцот, се чинело дека за Британците е обичен ден.
Промената била воведена за да ги опфати членовите на кралското семејство кои се повлекле од јавноста и повеќе не вршат кралски должности.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МОЌНО И ПРИРОДНО – Ова се убедливо најјаките природни антибиотици: Научно потврдено го јакнат имунолошкиот систем и штитат од сите видови инфекција!

Премногу често посегнуваме по фармацевтски антибиотици, кои можат да бидат многу опасни и имаат потполно …