(ФОТО) Лејди Гага не личи на себе: Запуштена на прошетка во Холивуд

Лејди Гага изгледа го остави гламурозното издание за концерти, видео записи и за црвениот тепих.
Пејачката Лејди Гага го издаде својот шести албум во петокот, дури 12. години по нејзиниот деби албум „Fame“ што ја лансираше во sвездената орбита.
Нема нови балади на новиот албум, а со тоа и музичката дива се враќа во нејзините денови за танц-попот.


Иако никој не знае кога Лејди Гага повторно ќе биде на музичка турнеја, поради епидемијата на коронавирус, и забраните во многу делови на светот, вклучувајќи ги и Соединетите држави, 34-годишната пејачка изгледа не е загрижена.


Таа решила да ги развесели своите обожаватели и да го објави долгоочекуваниот албум, а потоа за прв пат во јавноста, после долго време, се појавила во саботата. Во друштво на нејзиното момче Мајкл Полански, таа прошетала низ Холивуд во опуштено издание.


И’ Лејди Гага и нејзиното момче имале маски за лице, а пејачката носела необична комбинација. Црни проѕирни хеланки, само по црн градник, како и розов ранец на грбот. Сосема е различна од изданието што го видовме на почетокот на годината кога имаше розова коса. Бојата е целосно симната и сега е повторно русокоса, но со црн неисфарбан корен.


Лејди Гага изгледа го остави гламурозното издание за концерти, видео записи и за црвениот тепих.


Да потсетиме дека минатата година и пол, Лејди Гага го воодушеви светот со својот актерски и пејачки перформанс во хит филмот „Sвездата е родена“. Баладата „Shallow“ стана хит, освои и Оскар, но со новиот албум неуморната Гага се врати во нејзините музички корени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МОЌНО И ПРИРОДНО – Ова се убедливо најјаките природни антибиотици: Научно потврдено го јакнат имунолошкиот систем и штитат од сите видови инфекција!

Премногу често посегнуваме по фармацевтски антибиотици, кои можат да бидат многу опасни и имаат потполно …