Формула 1 почнува на 5. јули – Потврдени термини на осум трки!

Сезоната во Формула 1 ќе започне во Австрија на 5. јули, потврдија организаторите. Откриени се датумите на уште седум трки во Европа.
Во официјалното соопштение се наведува дека првенството ќе започне со две трки во Австрија (5. и 12. јули), додека трката во Унгарија (19 јули) ќе се одржи веднаш потоа.
Ова ќе биде проследено со двонеделна пауза, а потоа две врзани трки во Велика Британија, и натпреварувања во Шпанија, Белгија и Италија.
На Силверстон ќе се вози на 2. и 9. август, додека трката во Барселона е закажана за 16. август.
30. август е резервиран за ГН на Белгија, а ’најбрзиот караван на светот’ ќе го има во Италија на 6. септември.
Плановите за остатокот од сезоната не се објавени, бидејќи е неизвесно како ќе се развие ситуацијата поради пандемијата на коронавирус.
Сите трки ќе се одржат без присуство на навивачи, додека учесниците ќе треба да следат посебни правила за да се заштитат од коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕОДГОВОРНА ТЕТКА – Полицијата покренала истрага: Роналдо Јуниор (10) бил сам на џет ски – тато Кристиано ќе мора да плати КАЗНА!

Тетка Елма сето тоа уредно го објавила на Инстаграм… Кристијано Јуниор (10) се одмара и …