Плажи без алкохол, поефтини пијалоци, кафе и лежалки? Што ги чека туристите во Грција поради намалувањето на ДДВ-то!

Прашањето како намалувањето на ДДВ ќе влијае на крајните потрошувачи во Грција, како и на туристите, е особено актуелно деновиве.
Грчкиот заменик министер за развој, Никос Папатханасис навел дека е скоро извесно дека повеќето угостители ова намалување ќе го пренесат на цените, односно на џебовите на потрошувачите.
„Кафеаните почнаа да работат, но угостителството помина лошо, и мора да имаме во предвид како е времето зад нас“, споменал тој, наведувајќи дека многу угостителски објекти сè уште работат на полуотворени простори.
Како што изјавил тој, луѓето се внимателни кога станува збор за нивното здравје и сè уште не се чувствуваат пријатно кога излегуваат.
„Веруваме дека тоа ќе се промени наскоро“, рекол тој.
Што се однесува до можноста за промена на ДДВ-то на потрошувачите, Папатханасис истакнал дека „повеќето од нив тоа намалувањето ќе го пренесат на потрошувачот, затоа што сакаат да привлечат клиенти“.


Најавеното намалување на ДДВ на кафе и пијалоци, на пример, секако би требало да се одрази во сметките што ќе ги добиваат туристите. Доколку данокот се намали на 13 проценти, тогаш и цените на производите и услугите треба да бидат пониски за најмалку десет проценти. Цените на безалкохолните пијалоци, исто така, треба да се намалат соодветно (ако сопствениците одлучат да го сторат тоа).
Новите најниски стапки на ДДВ (13 отсто наместо 24 проценти) се однесуваат на долгата листа на производи и услуги, која вклучува кафе во ресторани и кафулиња, безалкохолни пијалоци, портокали, чоколадо, чај и пијалоци од камилица, потоа билети за градски превоз (метро, автобуси, итн.), авионски билети, билети за траекти, билети за кино (каде наместо седум може да чинат 6,5 евра).
Ова ги вклучува „ол инклузив“ пакети во хотелите. Овој однос ќе се промени на 90 спрема 10, а тоа создава услови за мало намалување на цените, од еден до два проценти.


Наместо шведска маса
Правилата исто така подразбираат и да не се служи храна од „шведски астал“, туку да се служи. Без разлика дали се работи за настани, претстави или објекти. Покрај тоа, баровите на плажа нема да служат алкохол, иако за ова сè уште се расправа.
На прашањето за нивото на цените, Папатханасис се спротивставил на зголемувањето и објаснил дека таму каде што има случаи на нелегално остварување профит, ќе следуваат драконски казни.
Тоа особено се однесувало на заштитни маски, средства за дезинфекција…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Солени галети на баба

Потребно е: 300 г брашно (интегрално) 100 г путер 1 јајце 2 лажици сончоглед 2 …