(ВИДЕО) ФАТЕНА ВО ЛАГА – Новинарка се преправала дека им помага на работниците (за фотографија), а потоа седнала во автомобилот и си заминала

 

На нејзината објава на која се преправа дека ѝ помага на заедницата набрзо следеле бурни реакции, па таа во меѓувреме го заклучила и својот Инстаграм профил и оној на Твитер наречен “Факти со Фиона”.

Луѓето најпрвин помислиле дека таа е само желна за внимание, но фактите се уште по вознемирувачки.
На социјалните мрежи се појавила снимка од жена која позира со бормашина покрај забарикадирана продавница во Санта Моника, Калифорнија и наводно им помага на работниците околу санирање на штетата настаната во протестите низ САД, за по фотографирањето да седне во Мерцедесот и да си замине.
Од автомобилот на работниците ноншалантно им дофрлила: “Одлична работа, момци! ‘Black Lives Matter’ (Црните животи се важни)” и заминала далеку од проблемите.


Снимката од ваквото лицемерие подигна доволно прашина сама по себе, но новинарката на “New York Times”, Тејлор Лоренз, открила дека жената од видеото е конзервативната новинарка Фиона Мориарти-Меклафлин која во описот на својот Твитер профил напишала: “Секогаш во потрага по факти”, а во објавите на социјалните мрежи била многу критична кон протестите.
На нејзината објава на која се преправа дека ѝ помага на заедницата набрзо следеле бурни реакции, па таа во меѓувреме го заклучила и својот Инстаграм профил и оној на Твитер наречен “Факти со Фиона”.
Снимката која предизвика бура во јавноста и која покажува колку се луѓето подготвени да лажат за објави на социјалните мрежи, можете да ја погледнете во продолжение:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …