АКТУЕЛНО: Различен третман, ист проблем и многу дилеми за пациентите со механичка потпора на срцето

Како Здружение на пациентите со механичка потпора на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце“, продолжуваме со актуелизација на проблемите и препреките на овие пациенти од страна на иституциите. Имено до Фондот за здравство беше уредно изотвена и доставена листа со барања од пациентите. Таа листа опфаќа лекови, ленти за проверка на ИНР,  постоперативни хоспитализации (доколку има потреба од тоа), сетови за преврски и останати потрошни материјали кои се дел од секојдневието на овие пациенти.

Она што го содржат пакетите моментално пациентите го набавуваат како знаат и умеат. Конкретно лекарствата кои ги нема во Македонија, се набавуваат од други држави. Ваквите набавки дополнително го оптеретуваат и онака веќе ослабнатиот буџет на овие пациентите. Со ставање на позитивната листа на лекови, ќе се олесни нивниот живот во делот за набавка. На сликите подолу  се некои од нив.

Во делот за проверка на ИНР на крвта, постои сет од уред, иглици и ленти (налик на уредите за проверка на шеќер во крвта). Само овој уред  чини безмалку  1000 евра, напоменуваме само уредот, додека лентите и игличките се доплаќаат дополнително. Исто така овој уред  е речиси недостапен во  Македонија затоа што се продава за многу повисока цена од монопол. Ако во светот цената е од 800 до 1000 евра, во Македонија чини 1500 евра. Разликата е огромна. Набавката може да се направи или во една од соседните земји или во земјите од Европската унија (со претходно извадена дополнителна дозвола) или  во преку океанските земји (исто така со претходно извадена дозвола). За тоа како изгледа уредот и потрошниот материјал може да погледнете на следниве слики.

Различен третман, ист проблем и многу дилеми.  Пациентите членови во ова здружение во кои е вградена механичка потпора на срцето се оперирани дел во Македонија дел во странство. Според добиените лиценси од страна на здравствените установи и во зависност од комплексноста на самата операција се нуди можност пациентот да се оперира на државната кардиохирургија во Скопје или во двете приватни кардиохирургии Жан Митрев клиник и Аџибадем Систина во Скопје.

Пост-оперативниот период кој опфаќа редовни контроли и преврски, од страна на Фондот не е третиран за сите пациенти исто. Пациентите оперирани во државната институција се целосно ослободени од плаќање на услуги за преврски и контроли. Ова не е случај со пациентите кои се оперирани во приватните клиники, овие пациенти ја плаќаат секоја контрола и преврска (мин. еднаш месечно). Пациентите кои се оперирани во странство, се делумно ослободени од плаќање.

Од извори на здружението дознаваме дека овие наши барања се уште се држат во фиока, а итноста од остварување на тие наши барања е од највисок приоритет. Станува збор за десет пациенти кои не би го оптовариле Фондот зашто не станува збор за бројка од 500, 1000 пациенти, тука за 10!.

АПЕЛИРАМЕ за најитно решавање на овој „проблем“ за на овие пациенти дополнително им се олесни и онака тешкиот живот кој го имаат.

ОЧЕКУВАМЕ разбирање од институцијата и нивна проактивност за нивно решавање на овој проблем.

Со почит, Здружение „Храбро срце“.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот. …