(ФОТО) Топлес модел на 59. години: Изгледа феноменално а ја открила и својата тајна

Керол Алт, „која жари и пали“ по интернет како топлес модел на 59. години ја открила тајната на својот изглед.
Како што рекла во едно интервју, десертот е најзаслужен за нејзината фигура. Сепак, тука има и цака: Тоа е десерт направен од целосно сурови состојки.
„Понекогаш само ќе нарачам тирамису или нешто слично. Во последните неколку дена, само тоа го јадам за вечера“, рекла Керол Алт.
„Тирамису е похранлив од сендвич од шунка, затоа што се прави од кокос и сите други неверојатни работи, така што ме заситува без никакви проблеми“, објаснила таа.
Откако во 1996. година таа започнала да јаде сурова храна, Алт е силен поддржувач на промена на исхраната, а со тоа и на нејзиниот животен стил, и за тоа има напишано неколку книги.
Што се однесува до оваа фотографија, таа вели дека е фотографирана со телефон, без ништо да се смени во Фотошоп, освен лузната на стомакот што и била отстранета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МОЌНО И ПРИРОДНО – Ова се убедливо најјаките природни антибиотици: Научно потврдено го јакнат имунолошкиот систем и штитат од сите видови инфекција!

Премногу често посегнуваме по фармацевтски антибиотици, кои можат да бидат многу опасни и имаат потполно …