(ФОТО) ПРВ ПАТ ЈАВНО ПОСЛЕ ИЗОЛАЦИЈАТА: Кралицата Елизабета (94) се вратила во седло!

Кралицата Елизабета е позната како одлична јавачка. Таа дури се обложувала на трки со коњи и направила вистинско богатство од тоа. Првиот коњ Елизабета го добила кога имала само четири години…
Британската кралица Елизабета (94) овој викенд своето слободно време го минала јавајќи околу нејзиниот замок Виндзор, една од нејзините омилени забави. Кралицата ужива во јавањето уште од детството, а сега била на коњ по име Балморал Ферн, кој има 14. години.
Носеше јакна со твид, бели нараквици и чизми и шамија.Таа и инаку јава во такво издание.


Кралицата Елизабета е позната како одлична јавачка. Таа дури се обложувала на трки со коњи и направила вистинско богатство од тоа. Во последните неколку децении, коњите на кои се обложува, освоиле повеќе од стотина трки. Заработила околу 9. милиони евра.
Првиот коњ Елизабета го добила кога имала само четири години. Коњчето Пеги било шетланф пони и таа со него научила да јава, а имало две години. Кралицата се чини дека не се откажува од својата страст дури и денес.

Ова е,инаку, прво јавно појавување на кралицата откако започна ситуацијата со вирусот корона. Последниот пат кога папараците ја фатија во јавноста беше на 19. март кога се пресели од Бакингамската палата во замокот Виндзор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …