(ФОТО) Бесната пејачка го нападнала претседателот: „Ти си будала, потребни ни се промени!“

„Имам многу да кажам за ова, но првото нешто што сакам да го кажам е дека се плашам дека ќе предизвикам гнев, иако тие емоции се оправдани“. Вака пејачката ја започнала својата објава во која претседателот Трамп го нарекла „расистичка будала“.
Во долгата изјава, Лејди Гага се осврнала на смртта на Џорџ Флојд и протестите што следуваа.
Пејачката повика на промена на системот во кој претседателот „ги охрабрува расистичките активности“.
„Јас сум толку лута за смртта на Џорџ Флојд, колку што сум за загубата на животите на црнците над стотици години во оваа земја, како резултат на расизмот и корумпираните системи што го одржуваат тоа“, рече Гага.


“Ние одамна знаевме дека претседателот Трамп не успеа. Тој ја има најмоќната функција во светот, но тој не нуди ништо друго освен незнаење и предрасуди додека црните животи и понатаму се губат”, критикува пејачката.
„Знаевме дека е будала и расист уште од стапувањето на должноста. Тој охрабрува систем кој е веќе вкоренет во расизмот и расистичките активности и сите можеме да видиме што се случува“, заклучува Гага.
„Време е за промена, тие системи треба да исчезнат“, заклучи повеќекратната добитничка на наградата Греми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Белгискиот нобеловец категорично тврди: Кога вака постите, телото може да се избори со рак и деменција!

На вас е што јадете и кога јадете, но научните истражувања велат дека е подобро …