(ВИДЕО) Легендата на филмот наполни 90. години: Ниту самиот не знае колку деца има!

Познатиот Клинт Иствуд вчера го прослави својот 90-ти роденден.
Како што изјави неговиот син Скот, за Фокс њуз, роденденот ќе се слави во кругот на семејството, а ќе има и колачи, што на неговиот татко веројатно нема да му се допаднат.
Клинт Иствуд, можеби и повеќе од другите актери, често е „од другата страна на камерата“, во улога на режисер. Во текот на изминатите десет години, тој режираше дури девет филмови.
Не е доволно да се каже дека Иствуд е легендарно име, а својата актерска слава ја стекна и во шпагети вестерните на Сергеј Леоне, како што се „За една грст долари“ и „Добар, лош, зол“, но и за неговата улога во филмот „Валкан Хари“,во режија на Дон Сигел. Тој освои Оскар и’ за глума и за режија, неколку пати.

Неговиот бурен љубовен живот е исто така нешто што треба да го споменеме.
Неговата изјава дека прво спиел со жена кога имал 14 години, и тоа со својата дадилка, е добро позната. Официјално има осум деца, иако во интервју признал дека „тој дури и не знае колку има“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …