(ФОТО) САКААТ ДА ПОМОГНАТ: Познати личности донираат илјадници долари за кауција на уапсените во Минесота

Познати личности се здружиле и донираа пари на „Minnesota Freedom Fund”, кој беше основан да се плати кауција за сите уапсени на протестите за Џорџ Флојд во Минесота.
Џорџ Флојд почина на 25. мај во Минеаполис, откако полицискиот службеник го држеше коленото на вратот неколку минути за време на апсењето и со тоа го задави. Целиот настан беше снимен и објавен на Интернет, а полицискиот службеник кој го изврши убиството беше уапсен истиот ден, а потоа беше осуден. Сите други полицајци поврзани со инцидентот беа отпуштени од своите позиции.

Ширум Америка во тек се протести а голем број демонстранти се уапсени и приведени. Сепак, познатите личности станаа активни на социјалните мрежи и се повикуваат еден со друг да донираат пари на една организација што плаќа кауција на уапсените.

Криси Тејген донирала 200.000 долари, по што и се придружиле Стив Карел, Бен Шварц и Дон Чедле, кои ќе донираат иста сума.

Хари Стилс, Кехлани, Лил Нас Х и многу други исто така се приклучиле на акцијата, донирајќи помали суми, но користејќи ја својата популарност да ги поканат следбениците и колегите да го сторат истото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Белгискиот нобеловец категорично тврди: Кога вака постите, телото може да се избори со рак и деменција!

На вас е што јадете и кога јадете, но научните истражувања велат дека е подобро …