(Рецепт) Отстранете го каменецот од забите со два домашни рецепти

Отстранувањето на каменецот е важно за здравјето на забите.
Никој од нас не може да го одбегне таложењето на каменец. Го отстрануваме кај стоматолог, но можеме и самите да го спречиме неговото појавување со помош на едноставни домашни рецепти.

Оцет од јаболко
Во филџан ставете оцет од јаболко и во него натопете ја четкичката за заби. Оставете да отстои неколку минути. Со натопената четкичка убаво исчеткајте ги забите, а по потреба четкичката натопете ја во оцетот, уште еднаш. Забите четкајте ги две до три минути. Потоа забите измијте ги со паста и убаво измијте ја усната шуплина.

Алое вера и глицерин
Во соодветен сад измешајте филџан топла вода, половина филџан сода бикарбона, 1 лажица гел од алое вера, 1 лажица сок од лимон (или 10. капки етерично масло од лимон) и 4. лажици растителен глицерин.
Се’ убаво измешајте и истурете во шишенце што се затвора. Со оваа мешавина четкајте ги забите секој ден и потоа кусо исчеткајте ги со обична паста за заби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот. …