(ВИДЕО) Снегот на Антарктикот се ЗЕЛЕНЕЕ: Еве што за тоа велат научниците!

„Зелениот снег настанал поради цветање на алгите на Антарктикот, најверојатно, ќе се шири со зголемувањето на температурите како резултат на климатските промени“, велат истражувачите, откако ја направија првата карта на овие организми и нивните движења.
Сателитските податоци собрани меѓу 2017. и 2019. година, во комбинација со теренски мерења во текот на два лета на Антарктикот, им овозможиле на научниците да мапираат микроскопски алги додека цветаат над снегот.
„Повисоките температури можат да создадат повеќе околности погодни за живеење на алгите, на кои им е потребен влажен снег“, велат истражувачите за Си-Ен-Ен.
Според студијата објавена во списанието „Nejčr komjunikejšn” (Комуникација на природата), зелените алги од снег се микроскопски доколку се мерат индивидуално, но кога организмите растат во исто време, снегот станува светло зелен и може да се види дури и од вселената, велат истражувачите.
Плочињата со зелени снежни алги можат да се најдат по должината на брегот на Антарктикот, обично во „потоплите“ области, каде просечните температури се малку над нулата степени во текот на летните месеци во јужната хемисфера, од ноември до февруари.
Според истражувачите, Антарктикот е дел од регионот кој го доживеал најбрзото затоплување во втората половина на минатиот век. Невообичаено високи температури се забележани во февруари, додека деветдневниот топлотен бран го запали северниот врв на континентот претходно оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Налеј, Налеј“, љубовна приказна која ги руши сите рекорди

Спотот за водечката нумера на серијата „Македонија“ – “Налеј, налеј“ која ја доживеа својата промоција …