(ВИДЕО) ОГОРЧЕНА ОД УБИСТВОТО – Бијонсе бара правда за Џорџ Флојд: „Скршени сме и згадени со она што го видовме!“

Бијонсе одлучи да се огласи на социјалните медиуми за да бара правда по бруталното убиство на Џорџ Флојд, пренесува „Варајати“.
Пејачката објавила видео на Инстаграм во кое го искажува своето искрено мислење за целата ситуација.
„Мораме да бараме и да добиеме правда за она што му беше сторено на Џорџ Флојд. Сите сме сведоци на начинот на кој тој беше убиен. Ние сме скршени и згрозени од тоа што го видовме. Овој вид болка не може да биде нормализирана“, вели таа.
Бијонсе потоа додала дека луѓето треба да си помагаат едни на други без оглед на бојата на кожата. Таа ги повика сите што го гледаат видеото да не ја свртуваат главата од расизмот, велејќи дека Џорџ е дел од семејството: „Тој е наше семејство затоа што е Американец“.

Таа посочила дека е свесна за тоа дека полицаецот кој го уби Џорџ е уапсен на 25 мај, но истакна дека треба да се направи повеќе од тоа.
“Вакви насилни убиства видовме премногу пати и немаше никакви последици за нистите. Да, некој е осуден, но ние сме далеку од правдата. Потпишете ја петицијата и продолжете да се борите за мир, сочувство и закрепнување”, завршиува таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …