(ФОТО) Здрави мафини со леќа и семки

Потребно е:
150 г пченкарно брашно
150 г меко брашно
1 прашок за печиво
150 мл јогурт
20 мл сок до лимон
3 јајца
50 г путер
малку сол
200 г портокалова леќа
50 г семки од тиква
50 г бадеми
Подготовка:леќата малку проварете ја и иситнете во пире. Јајцата матете ги 5 минути, додајте јогурт, сок од лимон, истопен путер и малку сол. Продолжете да мешате па додајте брашно помешано со печиво, вмешајте го пирето од леќа и сечканите семки од тиква. Калапите за мафини намачкајте ги со путер, ставете од тестото до 2/3 на висина на калапот. Секој мафин наросете го со сечкани бадеми и ставете во рерна загреана на 180. степени.
Печете околу 30. минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто 33 % жени со полицистични јајници имаат прекумерна тежина?

Поновите истражувања сведочат дека 33 % женисоСиндром на полицистични јајници (PCOS) се борат со прекумерна …