Какви се шансите веќе од утре да добиеме нови рестриктивни мерки а некои општини и’ карантин?

Вчера во Македонија без регистрирани нови 52. случаи на корона вирус што внесе вознемиреност не само кај епидемиолозите туку и кај граѓаните…
Во текот на вчерашниот ден епидемиолозите бележат повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за разика од претходниот кога беа регистрирани 25 лица со коронавирусот. Лидерот на СДСМ Зоран Заев обвини дека ова е директна последица од неработењето на техничкиот министер Наќе Чулев, а тој пак порастот на заболени го оцени како директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики терала дневен ПР од прашањето поврзано со корона вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба, а информираше и дека епидемиолозите се соочиле со проблем во добивање информации од семејството на починат за кој се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.


Вчера се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти, но тројца пациенти и починаа. Од новите случаи на КОВИД-19 во Скопје се регистрирани 26, во Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1 и Кочани-1. Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, оздравени се 1.516, а починати 126. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.


Филипче вчера порача дека е можно повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа било анализирано на состанок на Комисијата за заразни болести но дека засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.
Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени. Тоа се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром каде има поголема концентрација на нови заразени од периодот на строгите рестриктивни мерки.

Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Министерот информираше дека епидемиолозите имале проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погреб, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.
Сето тоа, како што помеѓу редови навести министерот Филипче може да значи воведување нови рестриктивни мерки но се ќе е зане во наредните денови, сепак…можно е уште денес да биде прогласено продолжување на вонредната состојба во земјата.


Советот за безбедност денес на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот, во „Вила Водно”, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.
По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Фејсбук и Јутјуб каналот на претседателот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …