(ВИДЕО) Ова шведско село, Сатра Брун, се продава ЦЕЛО – со сите имоти и извор на вида со светски награди за чистота!

После векови постоење селото Сатра Брун во Шведска се продава – ЦЕЛО!
Селото датира од 1.700 година кога д-р Самуел Скраг открил извор на вода во Сатра и го купил околното земјиште. Потоа изградил бунар, куќа со извори, болница, црква и станови.
Потоа, околу 1.740 година, земјата и куќите ги купил владиката од градот Вастерас, кој неколку години подоцна ги оставил на универзитетот Упсала, еден од најдобрите универзитети во земјата.
Во 2002. година, универзитетот ја продаде Сатра Брун на група од 16. локални претприемачи, а селото оттогаш се води како место за бањски туризам. Од 2015. година, во селото работи фабрика за шишиња, која е вклучена во продажбата. Тоа е еден од седумте извори кои добија највисоки светски награди за чистота во Шведска.
„Сатра Брун и сите имоти се регистрирани како д.o.o., што значи дека нема ограничувања за странските купувачи“, вели брокерот Мартинсон, кој ја опиша архитектурата на селото како „прошетка низ времето“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Налеј, Налеј“, љубовна приказна која ги руши сите рекорди

Спотот за водечката нумера на серијата „Македонија“ – “Налеј, налеј“ која ја доживеа својата промоција …