(ФОТО) Старинска чоколадна торта од 1. јајце: Ако има може и 2!

Ова е стар семеен рецепт кој една ќерка го открила во тетратката на својата мајка. Го чувала и користела 20. година па решила да го подели со останатите љубителки на торта со чоколадо…
Состојките за торта се класични како што се правеле пред многу децении – брашно, јајце, маст, ореви, млеко, чоколадо…
Но, ќерката направила два вида крем и малку го подобрила вкусот на оваа едноставна торта со само 1 јајце…
Состојки
Кора:
(мерка е филџан од 250 мл)
1 филџан брашно
1 филџан шеќер
1 филџан млеко
1 филџан мелени ореви
1 кесичка прашок за печиво
Крем 1 (ганаш од чоколадо):
200 мл слатка павлака
210 г чоколадо за готвење
4 г инстант кафе
50 г мелени ореви
Крем 2 (путер крем):
100 г путер
75 г шеќер во прав
50 г истопено чоколадо
15 мл врела вода
6 г инстант кафе
За украс:
чоколадо за готвење
сечкани ореви
остаток од крем 2


Подготовка: измерете ги сите состојки за кората. Јајцето изматете го пенесто со маста и шеќерот. Потоа додајте млеко, па исеано брашно со печиво и мелени ореви, па изматете. Кората истурете ја во калап покриен со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 180 степени па печете 30 – 35 минути, или додека чепкалката не биде сува.
Испечената кора оставете да се излади, а потоа исечете на 3. еднакви делови.
За кремот 1 (обично се прави од вечер за да престои во фрижидер и убаво се стегне): ставете слатка павлака да се загрева и при крај ставете инстант кафе и полијте преку ситно исечканото чоколадо, убаво измешајте и оставете преку ноќ во фрижидер. Утредента пред редење на тортата кремот изматете го со миксер и додајте 50 г мелени ореви.
Крем 2: путерот на собна температура изматете го пенесто со шеќерот во прав. Потоа додајте истопено и изладено чоколадо и инстант кафе изматено во малку врела вода. Изматете го путер кремот и оставете во фрижидер до филување на тортата.
Филување: првата кора прво намачкајте ја со половина крем 1. На тоа ставете ја втората кора и неа намачкајте ја со 2/3 од путер кремот. Една третина од овој крем употребете за украсување.
На крај ставете ја и третата кора, цела торта намачкајте ја со останатиот крем 1 а потоа украсете со сечкано чоколадо, ситно сечкани ореви и остатокот од кремот 2.
Плус: мерките се за калап од 21. см. Доколку сакате поголема торта потребно е да ги зголемите состојките, на пример за калап 26 тортата би се исекла на 2 дела. Но, можете кората да ја испечете и во правоаголен плех и потоа да исечете на 3. ленти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Леб без брашно

Потребно е: 145 г. овесни снегулки 135 г. семки од сончоглед 90 г. семки од …