(ФОТО) Пред 15. години Кејт Мидлтон ја снимиле во издание поради кое со задоволство би ги запалила фотографиите!

Кејт Мидлтон денес е олицетворение на добар стил и важи за една од најдобро облечените жени во светот, па се обидува никогаш да не ја премине границата, така што многу ретко ја гледаме во фустани и здолништа над колената или со длабоко деколте.
Но, пред да стане војвотка, Кејт била сосема обична девојка, која сакала фармерки, куси блузи, опуштена гардероба и не се грижела премногу за елеганцијата.


Ова е поткрепено со бројни стари фотографии на познатата Британка, кои покажуваат дека пред таа да ги преземе кралските должности, претежно носела обични парчиња, а кратките здолништа и шорцеви не и биле туѓи.


Така неодамна се појавија фотографии во кои таа облекла потполно проѕирен фустан на студентската модна ревија, а набргу после тоа, во медиумите се појави и фотографија на која младата Кејт шеташе во плитки фармерки и бела маица на прерамки, кока и го откриваат рамниот стомак.

„Проблематичната“ слика датира од периодот кога Кејт завршувала колеџ, а таа веројатно немала поим дека за 15 години ќе биде сопруга на принцот, или жена, на која ваквите комбинации ќе и бидат „забранети“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …