(ФОТО) ЕНИГМА – Езерото на СМРТТА го споредуваат со Бермудскиот триаголник бидејќи во него мистериозна сила ГОЛТА бродови и луѓе!

Оваа кинеска „вода на смртта“ голта рибарски и воени бродови, а кога ќе се исуши на дното ги нема. Како што се исушило така и се полни со вода.
Езерото Појанг, најголемото во Кина, има вековна репутација како „вода на смртта“. Рибарски, товарни и воени бродови исчезнуваат без трага во него, па затоа го споредуваат со Бермудскиот триаголник, особено затоа што е интересно што и двете места се практично на иста географска ширина – меѓу 28,22 и 29,45 степени северна ширина.
Постојат многу потенцијални причини зошто ова се случува во непосредна близина на храмот Лоји, кој е омилена туристичка дестинација: необични ветрови, виори, аномалии на магнетно поле кои привлекуваат неверојатна молња, но ништо од сето тоа не може да ја реши загатката. Многумина веруваат дека постои натприродна мистериозна сила што ги крши законите на физиката. Историските записи покажуваат дека дури 13. бродови потонале еден по друг на 3. август 1985. година.

Во еден ден, потонале три бродови и се смета дека е виновна мистериозната сила што ги потопува со ветер!
Некои од пријавените случаи биле особено интересни и дури станаа легенди. Таков е случајот со „Коби Мару“, јапонски брод што превезувал над 200. луѓе на 16. април 1945 година. Бил сончев и мирен ден, идеален за едрење, а потоа одеднаш се создала неверојатна плима, како резултат на драстичната промена на времето, и целиот брод бил уништен, а патниците исчезнале во езерото. Седуммина нуркачи биле испратени во потрага по потонатиот брод, но само еден од нив преживеал – и не се сеќавал на ништо. Сè на сè, само од 1960. до 1980. година, повеќе од 200. бродови потонале во водите на езерото Појанг.

Јапонскиот брод потонал со 200. патници, а од нуркачите кои ги бараа, само еден преживеал!
Во 1970. година е изградена брана долга 609. метри, која се издигала петнаесет метри над површината и – една вечер исчезнала без трага. Последниот голем озлогласен случај се случил во 2010. година, кога брод со тежина од над милион килограми необјасниво потонал во близина на брегот. Секоја година бродовите мистериозно исчезнуваат а остатоците никогаш не се пронајдени.

Езерото го спасило царот
Последниот брод, кој тежеше повеќе од еден тон, исчезна во 2010. година во близина на брегот, а остатоците не беа пронајдени.
Илјадници луѓе сведочат за чудноста на ова езеро, каде еден сончев ден може да се претвори во кошмар на морнарот во секунда. Иако тоа нема никаква врска со науката, античка легенда нуди објаснување; Во 1368 година, императорот Хунг Ву од династијата Минг се соочил со важна и одлучувачка битка против неговиот ривал, Чен Јулианг од династијата Јуан. Додека тој го минувал езерото, неговиот противник го фатил, и во тој момент се појавила огромна желка која го превезла, со својот оклоп, на другата страна.


Ова необично езеро продолжува да изненадува. Така, пред неколку години, целосно се исушило, претворајќи се во огромен тревник. Ништо необично не можело да се види на дното, освен неколку остатоци од бродови. Кога изминал периодот на суша, езерото Појанг повторно било исполнето со вода …
рамка

 

Храм со желка
Кога го крунисал императорот, Хунг Ву го изградил храмот на Лоје со статуа на желка на вратата. Мештаните велат дека самото езеро ја повторува оваа историска битка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот. …