(ВИДЕО) Ова е и’ ОФИЦИЈАЛНО најнасилната серија на малите екрани

„Бандите на Лондон“ привлекоа 2,23 милиони гледачи, а таа беше оценета како најнасилна поради ужасните сцени на тортура.
„Gangs of London“ е нова серија која ја надмина „Game of Thrones“ кога станува збор за бројот на насилни смртни случаи во текот на првата сезона.
Новата криминална драма „Бандите на Лондон“, чии креатори беа задолжени и за итната мини серија „Чернобил“, официјално стана најнасилната серија на малите екрани во Велика Британија.
Серијата што ја следи приказната за насилна банда во Лондон ги шокираше гледачите во оваа земја, а само во првата сезона беа броени 113. насилни смртни случаи.


Претходниот рекорд го имаше една од најуспешните серии на сите времиња, „Игра на тронови“, но за време на нејзината прва сезона имаше „само“ 48. насилни смртни случаи, пишува британскиот весник „Мирор“.
Напади го мачети, жртва целосно исечена на парчиња, извадени очи, отсечен јазик, обезглавување; сето тоа се сцени што ќе ги видите ако одлучите да ја следите оваа серија во која глуми младиот актер Џо Кол, познат како братот на Томи Шелби во серијата „Peaky Blinders“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МОЌНО И ПРИРОДНО – Ова се убедливо најјаките природни антибиотици: Научно потврдено го јакнат имунолошкиот систем и штитат од сите видови инфекција!

Премногу често посегнуваме по фармацевтски антибиотици, кои можат да бидат многу опасни и имаат потполно …