(ФОТО) 4. брзи рецепти за мафини, куглоф, пита…

Секогаш е добро да се има некој рецепт „набрзина“ на домашните да им подготвиме, вечера или закуска…Со овие четири можете да избирате со што ќе ги израдувате домашните…а можеби нешто ќе искористите и за некоја домашна свечена трпеза…

(ФОТО) Куглоф со шунка, сирење и маслинки

Состојки:
3 јајца
1 филџан масло
200 гр брашно
1 печиво
1 филџан рендана шунка
1 филџан рендано сирење
5-6 маслинки (по желба)
6 супени лажици пченкарно брашно
2 филџани јогурт
Подготовка: се матат јајцата. Се додава маслото, јогуртот, шунката, сирењето и
маслинките (претходно убаво исецкани). Брашното се меша со пченкарното, пецивото, малку сол. Се додаваат во течната смеса, се’ измешајте со лажица.
Калапот за куглоф се премачкува со путер, се истура смесата и се пече околу 30
мин на 250’С, а потоа уште 10.ттина минути на 180’С.
Украсете по желба
*Филџаните се оние за кафе, од 100 мл.

(ФОТО) Куглоф пита гибаница

Потребно е:
500 г кори за пита
250 г бело сирење
3 – 4 јајца
100 мл масло
400 мл млеко (може по половина со минерална вода)
1 кесичка прашок за печиво
сол по вкус
Подготовка:изронете го сирењето, насолете по вкус и додајте јајца, млеко, масло и печиво и измешајте – тоа е филот.
Корите поделете ги на два дела, секој завиткајте го како ролат и исечете на парчиња со големина на 1 прст.Таквите „полжави“ редете ги во формата од куглофот, во висина, односно со исечената страна нагоре. Направете еден ред и полијте со филот. Наредете го вториот ред па повторно прелијте со филот. Така
редете додека имате кори и фил. Остатокот на филот полијте го по горната кора и ставете во рерна загреана на 200 степени, околу 20 – 25. минути.
Доколку калапот за куглоф е помал можете да направите и еден дел во високо тавче, или половина доза.

(ФОТО) Лепче со маслинки и сирење

Состојки:
100-200 гр сирење
50гр маслинки
250 г маргарин за премачкување, а може и маст
1 лажица шеќер
1 мала лажичка сол
1 кесичка сув квасец или половина свеж, од коцка
500 гр брашно
250 мл вода
Подготовка: тестото за лепчето подгответе го од брашно, вода, квасец, сол и шеќер. Замесете да биде меко и мазно.
Тестото се расукува во правоаголна форма, се премачкува со маргарин (маст) и се наросува дробено сирење и сецкани маслинки и се витка како ролат. Се добива еден голем ролат кој по желба може да се свитка како полжав, да се пресече на помали ролати или да се свитка во вид на потковица.
Печете околу 30-тина минути на 200 степени.

(ФОТО) Пица мафини

Состојки:
3 јајца
200 г брашно
200 мл јогурт
100 мл масло
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
1 лажичка оригано (суво)
100 г шунка или друго сувомесно
100 г жолто сирење
кечап за прелив
Подготовка: пред да ја почнете подготовката вклучете ја рерната на 200 степени а калапите за мафини намачкајте ги со путер/маргарин.
Изматете ги јајцата (со маталка), додајте јогурт, масло,сол. Во друг сад измешајте ги брашното со печиво, оригано, сувомесно и жолто сирење (ситно сечкани) и со лажица вмешајте во течната семса. Се’ лесно измешајте и полнете ги калапите до 2/3 во висина.
Печете околу 20. минути.
Испечените и изладени мафини пред служење украсете ги со малку кечап.
По желба во мафините додајте и ситно сечкани маслинки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Солени галети на баба

Потребно е: 300 г брашно (интегрално) 100 г путер 1 јајце 2 лажици сончоглед 2 …