(ФОТО) ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО СВЕТОТ: Во Вухан се отвораат 100. мини паркови, полициски дрон избркал излетници во Турција

* Речиси 5,8 милиони луѓе во светот се разболеле од вирусот корона, а околу 2,5 милиони се опоравиле.
* Вкупно 357.467 луѓе починале од коронавирус;
* Најкритично е во Соединетите држави, каде што повеќе од 1,7 милиони луѓе се разболеле, а 102.107 луѓе починале;
* Критично е и во Бразил каде се заразени 414.661 лица, а 25.697 луѓе починаа;
* Русија е на третото место по бројот на заболени со 370.680 пациенти, додека Велика Британија е на второто место по бројот на починати (37.460), а Италија е на третото место (33.072).


Кина: Во Вухан ќе се отворат 100. мини паркови
Сто мини паркови ќе бидат отворени до крајот на годината во центарот на Вухан, кинескиот град од каде потекнува пандемијата на вирусот корона.
Локалните власти се решиле на овој потег со цел да ги охрабрат граѓаните да поминат што е можно повеќе време на отворено, во природа.
Вообичаено, во Вухан секоја година „никнуваат“ околу четириесет такви паркови, а доколку се реализира овој план, секој жител би имал зелена површина на пет минути пешачење од местото на живеење, пренесува Би-Би-Си.
Парковите, со големина од 300. до 5.000. метри квадратни, ќе служат во посебни прилики како засолништа во случај на големи непредвидени катастрофи.
Локалните власти се обидуваат да ги уверат граѓаните дека вториот бран на епидемијата на коронавирус нема да се случи во наредните денови и продолжуваат да ја спроведуваат намерата да ги тестираат сите 11. милиони нејзини граѓани за да ги идентификуваат сите асимптоматски носители на вирусот.


Полициски дрон во Турција растерал излетници за време на карантинот
Последниот ден од карантинот во Истанбул, полициско беспилотно летало снимило група „избегани“ граѓани кои заминале на излет и покрај забраната.
Непослушните граѓани, кои не ја почитувале забраната за напуштање на куќата за време на четиридневниот полициски час на самиот крај на прославата на Рамазан, рашириле простирки, донеле храна, играле одбојка со децата, кога над нив се појавило полициско беспилотно летало.
После тоа, тие си ги собрале своите работи и заминале дома, пренесува турскиот сајт Haberler.


РЕГИОН
Словенија – 1.471
Хрватска – 2.244
БИХ – 2.435
Србија – 11.275
Црна Гора – 324
Македонија – 2.039
Албанија – 1.050
Бугарија – 2.460
Грција – 2.903

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се чествува Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста): Нејзината икона има чудотворна моќ, па жените кои сакаат пород треба да го направат ова

Македонската православна црква денеска прославува голем празник, Пречиста Богородица. Кога Пресвета Дева Марија наполни три …