Почнува официјалната продажба на The Frameи The Serif телевизорите во Македонија

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го најави започнувањето на официјалната продажба на домашниот пазарнановите модели одсвојата Lifestyle линија на телевизори за 2020 година –The Frameи The Serif. Овиемоделисе карактеристични по тенкиот дизајн, кој се вклопува во секој ентериер, но и по добра познатата Quantum Dot технологија и високата резолуција.

Моделот The Frameенаменет пред сѐ за сите вљубеници во уметноста, со изразено чувство за естетика. Овој уредго претвора секој домво галерија, благодарејќи на елегантниот дизајн, рамкатаво боја по избор, како и специјалниот режим кој овозможува прикажување на повеќе од 1.200 врвни уметнички дела од единствената Samsung Art Store продавница кога телевизорот е исклучен. Оваа уметничка платформа константно се дополнува со нови дела кои овозможуваат да имате сопствена збирка на дела од многубројни светски музеи во само една единствена рамка. Од класичните ремек дела на сликари, како што се Ван Гог и Клод Монѐ, преку светските познати фотографии, па сèдо модерните и апстрактни уметности, секој корисник има можност да избере дело кое ќе го краси неговиот животен простор, како и да го промени во оној момент кога ќе се засити и ќе посака да му подари нов изглед на својот дом.  Корисниците можат да уживаат и во сопствените фотографии, како што се семејните портрети во голем формат, со оглед на тоа дека сликите од телефонот или од USBFlash драјвот многу лесно се пренесуваат на The Frame телевизорот.

За да може секој дом да остане уреден и без многубројни кабли, The Frame поседува само една тенка, неприметлива врска, која истовремено ги поврзува сите уреди со телевизорот преку One Connect Box уредите. Доаѓа во црна, бела и во беж боја и совршено се вклопува во секој ентериер, било да е исклучен или вклучен. Со овој модел на телевизори корисниците можат да го покажат и личниот вкус за уметност без прикривање на ѕидовите со многу слики и фотографии, туку со негов минимализам и одмереност.

Исто така,во Македонија ќе биде претставен за првпат имоделот The Serif, во две бои – небесно бела и небесно сина. Овој телевизор се истакнува со својата естетика, за што потврдува и овогодинешната iFнаграда за иновативен дизајн, едно од најпрестижното одликување во оваа област на меѓународно ниво. Креиран од страна на познатите француски дизајнери, браќата Буруле, The Serif изгледа совршено од секој агол, па може по потреба да се поместува низ собата. Го карактеризира и металната сталажа, така што корисникот може да бира дали телевизорот ќе биде поставен на полица, на комода, или ќе стои самостојно.

Samsung на овој модел ги додаде и NFC иAirPlay2опциите за поврзување, за да можат корисниците да ја слушаат музиката од телефонот на телевизорот, без додатни кабли. За уживање во моќниот звук на The Serifтелевизорот, доволно е да се активира NFC апликацијатана паметниот телефон и да се постави на телевизорот, а уредите самите ќе се поврзат безжично. Додатно, AirPlay2 опцијата овозможува едноставно впарување со Apple уредите, со користење на практичните функции, како пресликување на екранот.

Двата модели доаѓаат со Quantum Dot AIUpscalingтехнологија која обезбедува стопроцентна видливост на боите со повеќе од милијарда нијанси, со беспрекорно реалистична слика и извонреден контраст. The Serif има и способност да детектира промена на количината на светлоста во просторијата и да подесува оптимално осветлување, благодарејќи на функцијата Прилагодлива слика, правејќи го гледањето телевизија пријатно за око.

Во Македонија The Frame, ќе биде достапен во големина од 32 до 75 инчи, а почетната цена започнува од 35.199  денари.The Serifќе биде достапен во дијагоналаод 43, 49 и 55 инчи, а почетната цена изнесува 67.899 денари.

Повеќе информации за Samsung Lifestyle 2020 телевизорите можете да пронајдете на:
https://www.samsung.com/mk/tvs/the-serif-ls01t/QE43LS01TBUXXH/ и https://www.samsung.com/mk/tvs/the-frame-ls03t/QE55LS03TAUXXH/

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Овој летачки автомобил доаѓа од Израел: Еве што се може!

За идејата за летачки автомобил сонуваме со децении, а сега имаме пример што ја прави …