ПОЧИНА здравствен работник од КОВИД-19!

„Со жалење сакаме да ја известиме јавноста дека од КОВИД -19 почина и првиот здравствен работник“, се вели во соопштението на Фармацевтска комора на Македонија.
– Фармацевтска комора на Македонија загуби почитуван член, драг колега, а за пациентите посветен здравствен работник. Упатуваме длабоко сочувство до семејството и до најблиските, се вели во дописот на Комората.
Станува збор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски од с.Подгорци, Струга, кој починал на 27. мај годинава, и тој е првиот здравствен работник кој почина од Ковид-19 во земјава.
„Фармацевтите и фармацевтските техничари кои работат во аптеките се на првата линија во лекувањето на сите пациенти без разлика на нивните заболувања и здравствени состојби. Во состојба на пандемија кога потребата за посета на аптеките е поголема, изложеноста на здравстевните работници е зголемена, а со тоа и ризикот за заболување, се вели во дописот, каде уште еднаш се нагласува за важноста од почитување на мерките за заштита. Затоа од Комората упатуваат апел до пациентите и покрај олабавувањето на мерките да се почитуваат сите протоколи за заштита при посета на аптеките.

Извор:вечер.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За изминатите 24. часа во Македонија, после 1188 тестирања, регистрирани се 85. нови случаи на ковид 19: Оздравени се 42. пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани …