Меган и Хари во страв, откриено што се случило во нивната вила

Принцот Хари и Меган Маркл, наводно, живеат во страв во нивниот дом во Лос Ангелес, откако летале беспилотни летала околу нив. Со нив најверојатно раководат папараците кои се обидуваат да ги снимат славниот пар и нивниот син Арчи, но и од страв дека терористички групи може да бидат зад сето тоа, Меган и Хари планираат да ангажираат приватен тим за безбедност за да спречат вакви работи.
The Daily Beast пишува дека беспилотните летала летале на надморска височина од само шест метри и дека биле забележани најмалку пет пати за еден месец. Поради случаите на 9., 19., 20., 21. и 25. март, Меган и Хари повикале полиција.
Како што наводно им кажале на пријателите, заради сè ќе ангажираат тим за безбедност кој ќе го платат  со свои пари.
„Тие не сакаат посебен третман, ниту го примија“, тврди нивниот пријател.
„Тие ги гледаат овие беспилотни летала цело време и претпоставуваат дека ги водат фотографи, но не можат да бидат сигурни. Меган добила смртни закани кога се омажила па се плашат од терористи. Луѓето забораваат дека се вистински луѓе, тие се вистинско семејство. Тие не сакаат посебен третман, тие само сакаат да се чувствуваат безбедно и нивниот дом се почитува“, додал пријателот.


Портпаролот на полицијата потврдил дека на 20. март непознати осомничени оперирале со дронот, кој последен пат е виден над кањонот Coldwater Canyona. Последниот пат кога дронот летал над Хари и Меган тие си играле со Арчи покрај базенот.
Покрај со беспилотните летала, фотографите ги следат во автомобили секој пат кога ќе ја напуштат вилата.
„Луѓето ги следат секој ден. Тие не сакаат да попуштат пред таа агресивност, заштитата на нивното семејство им е најважно“, рекол изворот.
Меган и Хари наводно се незадоволни што никој не сака да се грижи за нивната безбедност, или да платат за тоа. Поради тоа, сега тие се заштитени само од чувари, кои веќе биле во вилата кога се преселиле во неа.
Кога сфатиле дека пешачите можат да го видат нивниот дом, тие подигнале бариери околу неа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …