(ВИДЕО) Последна снимка на трагично загинатиот Емилиано Сала

Потпишани документи поврзани со Кардиф
Фудбалерот Емилијано Сала почина на почетокот на 2019. година, три дена откако ги заврши формалностите во врска со трансферот во Кардиф од Нант во трансфер вреден 15. милиони фунти, а дури сега се појави снимка од потпишувањето на договорот. Напаѓачот, три дена пред смртта,потпишувал неколку формулари и со тоа станал официјален играч на клубот, па следувашела слика пред грбот на новиот тим.
Трагедијата ја потресе планетата. Авионот со кој патувал Сала за Англија со цел да им се придружи на неговите нови соиграчи се срушил и паднал во Ламанш. Сите видови на информации се откриени од моментот на несреќата, започнати се истрагите. Набргу по несреќата, многу нерегуларности и факти видоа светло на денот, што дополнително влијаеше на тагата, но и на гневот на семејството на Сала. Првиот шокантен детаљ беше откривањето дека пилотот на авионот немал лиценца.
Патем, ФИФА донесе одлука дека Кардиф мора да плати целосен износ на компензација или да се соочи со тригодишна забрана за доведување играчи. Жалбата на Кардиф беше упатена до Меѓународниот арбитражен суд за спорт (CAS).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕОДГОВОРНА ТЕТКА – Полицијата покренала истрага: Роналдо Јуниор (10) бил сам на џет ски – тато Кристиано ќе мора да плати КАЗНА!

Тетка Елма сето тоа уредно го објавила на Инстаграм… Кристијано Јуниор (10) се одмара и …